НовостиПравда

Јовевски: Зад секоја нивна специфичност на лицата со попреченост можеме да откриеме талент, дарба…

Јовевски - Работник
155views
Различни или не, поинакви или со попреченост, со оневозможеност, инвалидност… тоа се лица кои се дел од нашето општество. Зад секоја нивна специфичност можеме да откриеме талент, дарба, предност ако вистински ги прифатиме. Ќе ја видиме вредноста која имаат потенцијал да ја дадат доколку им се овозможи вклученост во секоја пора на општеството. Како професор и по Антидискриминациско право поаѓам од тоа дека сите сме еднакви пред законот; како човек поаѓам од тоа дека сите сме еднакви пред Бог. Затоа, се прашувам дали предрасудите и стереотипите се тоа што нè кочи, што го попречува патот кон создавање општество со еднакви можности за сите? Во време кога животот го нема вообичаениот тек на сите ни е потребна поддршка, кога мораме да сме оддалечени потребно ни е да почувствуваме блискост, кога треба да сме изолирани, сакаме да бидеме сигурни дека не сме сами. Сега е моментот да се сменат радикално ставовите на секој еден од нас и да си послужиме, пријателски да се почитуваме и сакаме, да го гледаме другиот и „поинаквиот“ низ призмата на човечноста, и наместо да се фокусираме на попреченостите да дадеме шанса на предностите во секоја единка на нашето општество.
проф. д-р Лазар Јовевски
 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Различни или не, поинакви или со попреченост, со оневозможеност,…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Thursday, December 3, 2020

Advertisement