ЈСП: Вработените ќе добијат плата, скопјани нема да останат без јавен превоз

„Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз“, велат во испратеното соопштение од ЈСП Скопје.

Тие велат дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП.

„Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието. И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници“, додаваат од ЈСП.