Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето
Група родители бараат од Министерството за образование да им овозможи самите да одлучат доколку сакаат нивните деца целосно да посетуваат настава онлајн, или да одат на училиште или пак тоа да се одвива комбинирано.
„Во нашата група 70% од родителите се за продолжување на наставата со физичко присуство на децата, а 30% се за online настава која ја сметаат за побезбедна. Но сите ние заедно родители, без разлика колку ни се разликуваат мислењата сме на став дека МОН мора да ги земе во предвид потребите на сите и да обезбеди ПРАВО НА ИЗБОР на родителите и децата за тоа како ќе ја продолжат учебната 2020/2021 година“.
Од друга страна Јаким Неделков од СОНК вели дека срамно е зошто МОН не ги контактирал нив за изработка на новиот концепт за реализација на образовниот процес. Неделков вели дека е тешко да се одржува дистанца помеѓу учениците за време на одмори. Тој предлага учениците да одмарат скалесто поделени во повеќе групи.

Повеќе прочитајте на ТВ21.мк