Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија?
Расположението на германската автомобилска индустрија неконтролирано тоне и падна на нов негативен рекорд во јануари, објави минхенскиот економски институт Ifo.
Индексот се лизна од длабоко песимистичките -35 поени во декември на -40,7 во првиот месец од 2025 година. И двете вредности се претходно неевидентирани.
„Автомобилската индустрија е цврсто заглавена во кризата“, вели Анита Волф, експерт за индустрија во Институтот „Ифо“.
„Пред сѐ нејзината конкурентна позиција на пазарот е под сериозна закана“, рече таа, цитира агенцијата ДПА.
Компаниите од автомобилскиот сектор ја оценуваат својата позиција на меѓународниот пазар како послаба од кога било досега, и во Европа и на глобално ниво.
И на домашниот пазар губат во трката со кинеската конкуренција. Сето ова, заедно со „тарифните закани на Трамп и домашните притисоци, значително ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија“, рече Волф.
Индексот Ifo има две компоненти: проценка на моменталната состојба и очекувањата за претстојниот период. И двата паднаа во јануари, првиот од -32,6 на -39,1 поени, а вториот од -37,3 на -42,3.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/nitpicker
- Како македонските шивачки го одржуваат занаетот? - 25/03/2025
- Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето - 25/03/2025
- Нови цени на горивата - 24/03/2025