- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Ќе се отворат 1,000 нови работни места со новата инвестиција на „Дрекслермајер“ во Куманово

Дрекслермајер - Работник
303views

Денеска Владата потпиша договор за финансиска помош за нова инвестиција на германската компанија „Дрекслемајер“. Договорот го потпишаа Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, управителот на компанијата, Јосеф Калфман и директорот на Дрекслермајер во Македонија, Лукас Мирингер.

„Ова е уште една потврда за партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и поволната бизнис клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите. Од септември 2020 година потпишавме вкупно 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по законот за финансиска поддршка на инвестиции, а дополнително ова е петтиот договор кој го потпишуваме за нова инвестиција на странска компанија во земјата“, рече Битиќи.

Advertisement

Тој потсети дека потпишани е договори со компанијата „Вик“ за втората фаза за инвестицијата, „Ипротех“, „Пурплакс“, „Магна“ и сега „Дрекслермајер, само за осум месеци. Ова, како што рече Битиќи, значи дека од септември 2020 година, вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата, се во тек. Тие имаат вкупна вредност од 96 милиони евра и отвораат преку 2,000 рабтни места за граѓаните. 

Истакна дека денеска го потпишуваат договорот со Дрекслермајер за нов инвестициски циклус од 16 милиони евра и 1,000 нови работни места. 

Advertisement
Advertisement

„Новите инвестиции значат дека компанијата ги препознава добрите бизнис услови во нашата земја и искрениот однос на Владата кон инвеститорите. Само за потсетување, компанијата Дрекслемајер е светски бренд од автомобилската индустрија, со главна дејност произодство на кабелски сетови, комплетни електрични системи, а помеѓу нивните клиените има многу што припаѓаат на топ 100 автомобилски добавувачи, како Ауди, БМВ, Бугати, Кадилак итн“, рече Битиќи.

Тој посочи дека Дрекслемајер е присутна во Македонија од 2012 година и е еден од најголемите работодавачи во земјата со околу 5,500 вработени во нивната фабрика во Кавадарци. Со новата инвестиција се планира зголемување и проширување на производствените капацитети и опрема за проектот на Мерцедес – Бенз Е – класа во постоечкиот производствен погон во индустриската зона „Телот“ во Кавадраци и зголемување на капацитетите со нов производствен погон и опрема во Куманово, за потребите на нивните клиените БМВ и Мерцедес. 

Во согласност со потпишаниот договор, истакна Битиќи, државата ќе ја поддржи компанијата преку неколку мерки. 

Имено, компанијата ќе биде ослободена од данок на личен доход за новите вработувања кои ќе бидат дел од овој проект за период од 10 години. Компанијата ќе биде ослободена и од данок на добивка кој се однесува на новиот инвестициски проект, за период од 10 години. 

Ќе биде исплатен и готовински грант кон Дрекслермајер во износ од 10 % од износот на оправдани инвестициски трошоци, но не повеќе од 1 милион евра на годишно ниво за максимум 5 години. На компанијата е и биде исплатен и готовински грант во износ од 2,000 евра по вработен, за креирање на нови работни места. Битиќи потенцираше дека особено е важно што оваа поддржа ќе биде за оние работни места, каде континуирано се исплаќа месечна нето плата повисока за најмалку 50 % од висината на минималната нето плата, пропишана со законот за минимална плата на Р. Македонија. 

Управителот на Дрекслермајер за Македонија, Јозеф Калфман упати благодарност за соработката со македонската Влада, клиентите, посочувајќи дека се радуваат и на соработката со 700 домашни компании. 

Лукас Мирингер, директор на Дрекслемајер истакна дека од 1 април започнале со отворање на нова фабрика во Куманово. 

„Во Кавадарци и во Куманово инвестираме двоцифрени милионски износи и во Куманово очекуваме да отвориме над 1,000 работни места. Се радувам на овие работни места и за можностите коишто се нудат“, рече Мирингер. 

Бобан Илијевски

Advertisement