Ѝ дале 500 евра мито на вработена во Општина Кавадарци – Полицијата поднела кривична пријава
Време за читање помалку од минута
Денеска (29.03.2023) ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34) и Ј.С.(60), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп‘‘, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Двете лица кривичното дело го сториле на 29.12.2022 околу 09.30 часот во Општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам, дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од по 100 евра, со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи.
Latest posts by Редакција (see all)
- Како македонските шивачки го одржуваат занаетот? - 25/03/2025
- Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето - 25/03/2025
- Нови цени на горивата - 24/03/2025