Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува
И по десет месеци од новонастанатата состојба што ја предзвика корона вирусот, се уште сме во неизвесност. Треба да се подготвиме за она што претстои, а клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе почне да спласнува, смета претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Во текстот „Еден вирус, многу прашања, малку одговори“, објавен денеска на интернет страницата на Стопанската комора, Азески истакнува дека се оствариле сите предвидувања изнесени во март годинава.
Ќе настане голема неликвидност, ќе се доведе во прашање капиталот на компаниите, ќе има застој во снабдувањето и продажбата, беа дел од предвидувањата и предупредувањата на бизнис заедницата што ги изнесе Азески.
Според него, најмалку штети ќе има ако економијата и целото пштество се доведат на ниво на хибернација, но на стабилен и контролиран начин што подразбира диригирана и координирана активност межу државата, бизнисот и поединецот. Особено е важно, во состојба на хибернација економијата да се сведе на минимум функционалност, а тој минимум може да се обезбеди само со средства од државниот Буџет. Алтернативата е „неконтролираниот хаос“ кој може да настане.
-Оваа кратка ретроспектива не треба да се сфати како реализирана прогноза, туку како факт дека треба да се подготвиме за она што претстои, напоменува претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
- Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат - 29/03/2024
- ВМРО – ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот - 29/03/2024
- Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места - 29/03/2024