МакедонијаСиндикат

Ампева: Испратнината е законско право не милостина

Фејсбук статус на Кристина Ампева:

📢 Во врска со конфекција „ДА“ од Штип, каде беа дадени откази од деловни причини поради затворање и деловни потешкотии, пред Нова година беа исплатени околу 70% од испратнините на работниците. Работници со над 20 годишен стаж.

❗ Преостанатите 30% мора да бидат исплатени во целост. Испратнината е законско право , не е избор, ниту милостина.

✉️ Како Гласен Синдикат веќе денес поднесовме дописи и барања до сите надлежни институции и ќе продолжиме со институционален притисок сè додека секој работник не го добие тоа што му следува.

⚖️ Сите знаеме дека во минатото имало случаи кога фабрики се затвораа и работниците остануваа без исплата. Разликата денес е што работниците овде се организирани во Гласен Синдикат и имаат зад себе силен партнер. Кога сме обединети, гласот ни е посилен и притисокот е реален.

✊ Ниту еден работник не треба да остане без својата заработка. Борбата продолжува , за правда, за достоинство и за сигурност