ПравдаСветот на работникот

Ампева: Со проектот недела неработен ден и тие индустрии што не работеа до сега, ќе проработат

Претседателката на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева преку фејсбук статус реагираше на носењето на законското решение за недела неработен ден: 
 
„Со проектот недела неработен ден, и тие индустрии кои не работеа до сега, ќе проработат во недела. Ама живи били па видели, можда грешам , а не сум згрешила до сега. Кога почнавме да работиме на Законот, беше само неопходните дејности да можат да работат. Откако бизнисмените и ссм почнаа да работат на Законот, чак и моловите станаа неопходна дејност.
А на ссм не знам како не им е срам и жал да го фалат овој закон. Гробари на работничките права биле и ќе останат.
Се молат овие симпатизерите на власта да продужат со плукање по неистомисленици, те, мене, да се присетам моменталната опозиција како се однесуваше на времето. Па еве ги сега кај се“, напиша Ампева.