ЕкономијаМакедонија

АНАЛИЗА: Како ќе полнат и празнат “касите“ на државните фондови за здравствено и пензиско осигурување, буџетите зголемени

Двата државни фондови, за здравствено и за пензиско осигурување во 2024 та година ќе имаа поголеми буџети во однос на годинава, пишува Порталб.мк. Власта проектира зголемување на придонесите во фондовските каси во ПИО и ФЗО но ќе растат и расходите – за пензии, за социјални бенефиции.

Фонд за пензиско осигурување ПИО

За фантастични 130 000 000 евра се зголемува Буџетот на Фондот за пензиско осигурување во 2024 та. Според новите проекции, догодина овој државен фонд ќе може да потроши 1 765 309 000 евра. На приходната страна се очекува раст на даночните приходи, со позначајно зголемување на придонесите за социјално осигурување. Но се зголемуваат и приходите  од трансфери и донации, догодина по овие два основи се очекуваат 598 200 00 евра што е за дури 44 700 000 повеќе од годинава. Само од Основен Буџет догодина на сметката на ПИОМ ќе легнат 569 805 200 евра што е за дури 62,3 милиони евра повеќе од годинава. На расходната страна, за исплата на социјалните бенефициите во кои доминираат пензиите,  догодина  ќе се потрошат 1 756 640 000 евра што е за дури 187 622 000 евра повеќе во однос на годинава. Во 2024 та се очекува бројот на вработени во ПИО  да остане ист како годинава –  523 а просечната месечна бруто плата да се зголеми на 846 евра. Вкупната сума за плати, надоместоци и придонеси за администрацијата ќе се зголеми на  5 309 000 евра

Пензии…

Од Централниот Буџет за исплата на пензии догодина се планирани 1 357 700 000 што е за 7,6% повеќе во однос на сегашниот ребалансиран Буџет.  

“За исплата на пензии планирани се 83,6 милијарди денари (1,3 милијарди евра), согласно воспоставената методологија на пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите“ – се наведува во предлог Буџетот за 2024 та.

Догодина ПИО очекува нови 31 500 пензионери а вкупниот број на пензионери да достигне 333 170.                                 

                                      Трансфери од Централен  Буџет

Фонд за пензиско осигурување            569 805 200 евра         + 62 305 000 евра       

Фонд за здравствено осигурување        121 104 000 евра         +10 100 000 евра 

Фонд за здравствено осигурување…

Следната година Фондот за здравство ќе има буџет во износ од 753 019 500 евра што е за 46,6 милиони евра повеќе во однос на годинава. На приходната страна ФЗО очекува поголем износ од наплата на социјални надоместоци чиј износ се проектира да изнесува 682 614 000 евра. Намалување има кај сумата трансфери и донации која во 2024 та ќе изнесува 61 100 000 евра. На расходната страна на ФЗО за исплата на плати и надоместоци се планирани 7 515 422 евра што е за 1 265 000 евра повеќе во однос на годинава. Бројот на вработени во ФЗО следната година се очекува да остане на исто ниво како годинава, 786 а просечната бруто плата ќе се зголеми на 797 евра. За  здравствено осигурување на граѓаните од Буџетот за 2024 та се планирани 741 883 120 евра, но во оваа сума се вклучени и обврски кон јавните здравствени институции како и зголемените плати во здравството.

“Здравствената заштита е планирана е на ниво од околу 45,7 милијарди денари, средства кои ќе се реализираат преку Фондот за здравствено осигурување. Најголем дел од планираните средства се наменети за финансирање на здравствените услуги, исплата на обврски на јавните здравствени установи, како и обезбедување на средства за зголемени плати за сите вработени во јавното здравство согласно Општиот колективен договор“ – се наведува во прелог – буџетот.                         

                                           Плати, надоместоци                    Број на вработени

ПИО                                      5 309 000 евра                                         523         

ФЗО                                      7 515 422 евра                                          786  

Само за исплата на социјални бенефиции од ФЗО  се планирани 83 400 000 евра. Зголемување има и на расходите за “договорни услуги“ за кои догодина се планирани 660 054 000 евра.  Следната година од Централниот буџет на сметката на ФЗО е планиран трансфер во износ од 121 104 000 евра што е за 10 100 000 повеќе во однос на годинава. 

Според проекциите во 2024 та во однос на сегашниот ребалансиран Буџет  Владата очекува приходите од здравствено и од пензиско осигурување да се зголемат за 11,1%.

Фото: Canva