МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Анкета на ССНМ: 60 % од медиумските работници би ја напуштиле професијата доколку имаат можност да влезат во други професионални води

КЛУЧНИ ПОДАТОЦИ

–70 отсто медиумски работници не се осигурани во случај на повреда на работното место

– 61 отсто од испитаниците дале позитивен одговор на прашањето дали известувањето во кризни состојби влијае врз менталното здравје, додека 39 отсто одговориле дека тоа не влијае врз нив

– Мал е бројот на газди кои платиле тестирање за ковид-19 за вработените медиумски работници – на помалку од една четвртина од анкетираните им било платено корона тестирање

– 10 отсто вработени во медиумите кои добиле помала плата меѓу 5 и 30 проценти од почетокот на пандемијата

– Околу 36 отсто од новинарите во анкетата на ССНМ одговориле дека познаваат колеги од нивната или од друга медиумска куќа кои во време на пандемија го изгубиле своето работно место

– 60 отсто се изјаснија дека би ја напуштиле професијата доколку имаат можност да влезат во други професионални води

Воени конфликти, поплави, пожари, протести, а изминатата година и во време на пандемија – во сите овие кризни состојби новинарите, фоторепортерите, како и снимателите се на првата линија на фронтот за да ја информираат јавноста. Анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), покажува дека новинарите и останатите медиумски работници најмногу работеле во пандемија, дури 90 отсто, а најмалку, односно 16 отсто известувале од воен конфликт.

Известувањето за време на криза има влијание врз менталното здравје на медиумските работници, покажува анкетата на ССНМ. Дури 61 отсто од испитаниците дале позитивен одговор на прашањето дали известувањето во кризини состојби влијае врз менталното здравје, додека 39 отсто одговодиле дека тоа не влијае врз нив. Медиумските работници по известувањето за време на кризна состојба појаснуваат дека се соочуваат со несигурност, страв, анксиозност, осаменост, несоница, замор, страв од напад или болести…

Како ваков пример, кој уште е „свеж“ кај медиумските работници, се издвојуваат низата протести во пролетта 2017 година на иницијативата „За заедничка Македонија“ на кои беа заплашувани и напаѓани медиумски работници, вклучително и на 27 април истата година кога толпата упадна во Собранието, а животот на новинарите, фоторепортерите и на снимателите беше доведен во прашање.

„Ова е работа која не се остава во канцеларија, туку се носи со себе“. Вака седмата сила ја опишува новинарската должност. Дома, покрај информации, изминатата година дел медиумските работници, за жал, го донесоа и еден од најголемите непријатели на луѓето, заразата од ковид-19. Ако пред една година помпезно беше соопштена информацијата од првиот заразен новинар и тоа директно од Владата, сега на прсти се бројат оние кои не се соочиле со вирусот.

Повеќе прочитајте на ССНМ