Вести

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: На 33 годишниот Оливер Симонов му е потребна финансиска помош за да не остане без кров над главата

На 33 – годишниот Оливер Симонов, роден во Свети Николе, а живее во социјален стан во Штип потребна му е помош за да може да ја плати заостанатата ќирија за станот која 8 месеци ја нема платено, за да може да ги подомири сметките и да може да си купи храна.

Тој испраќа апел до сите оние луѓе коишто сакаат да му помогнат, да му испратат онолку пари колку што можат, бидејќи како што вели може да остане без кров на главата. 

Тој живее без родители и воедно е дијабетичар и има срцеви болести, па поради тоа потребни му се и пари за да може да ги набави потребните лекови

Трансакциска смета за донација: 240317010511132 (Депонент: Уни Банка)