Вести

Асоцијацијата за цистична фиброза денеска ќе одржи протест – Ќе се придружи и Левица

„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек!“, вака гласеше постот кој вчера го објави Асоцијацијата за цистична фиброза откако поради интертниот систем во државата за набавување на лекот трифекта, прерано почина Благоје Илиевски.

Од Асоцијацијата денска пред Владата во 14 часот ќе се збогуваат со, како што наведоа, еден од своите најактивни членови, Благојче Илиевски.

„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч. пред влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта”, навеода од Асоцијацијата во вчерашниот пост.

Пред малку до медиумите пристигна и соопштение од политичката партија „Левица“ со наслов: „Негрижата на Владата носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!“ Истото ви го пренесуваме во целост:

Сведоци сме на долгогодишната негрижа од страна на министерството за здравство, кое со децении го деградира здравјето на нашите граѓани.

Дисфункционални клиники, дефицит на лекарства, терапии и лекарски кадар, а секојдневно сведочиме и на лекарски грешки, мито и корупција во здравствениот систем, се лекуваме со донации од граѓани додека деструктивната влада на СДС, ДУИ и нивните послушници профитираат со енормни финансиски криминални добивки.

Најранливите здравствени категории на пациенти се оставени на работ меѓу животот и смртта, а нашиот сограѓанин Благојче ја изгуби битката со цистична фиброза, кој десет години молеше за здравствена поддршка, што Претседателот Пендаровски и му ја вети, но нажалост тоа беше само еден ПР за собирање политички поени.

Недозволиво е во услови на достапен лек, пациенти да бидат жртва на немање политичка волја од власта да го зголеми буџетот – додека одбива да ги оданочи милионските профити на банките и троши буџетски средства за сопствени луксузирања!

Претходно Левица реагираше до надлежните ресори сѐ со цел да се одвојат финансиски средства за болните од цистична фиброза, меѓутоа владата и неспособниот министер Сали остана и глув и нем на тие реакции – што за жал, заврши трагично за младиот Благојче.

Левица го поддржува денешниот протест, закажан од 14 часот, и повикува на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина.