Вести

„Балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот е лага“, вели една од 10 -те најмоќни жени во бизнисот

Малтене секоја вработена мајка ќе потврди дека обидот секојдневно да се исполнуваат сите работни и семејни обврски може да изгледа како невозможна мисија. 

„Рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот е лага“, рекла минатата недела претседателката и извршната директорка на ТИАА, Тасунда Браун Дакет, на самитот „Fortune Most Powerful Women Summit“. Таа понатаму навела дека овие два аспекти никогаш не се смириле. 

Инаку, Тасунда правува со имот на компанија кој е вреден повеќе од 1 милијарда долари. Се обидела нејзиниот живот да го живее како разновидно портфолио. Еве што мислела со тоа: земете ги во предвид улогите кои ви се најважни (вработените, сопружникот, родителот, сестрата, ќерката, пријателот итн.). Потоа поделете го своето време на секоја улога, предложила таа. 

Заклучокот е дека никој во тој случај не може да даде 100 % од себе, за секоја од овие „улоги“. Оваа директорка истакнала дека нејзините деца, можеби, добиваат 30 % од неа. Но исто така навела дека, кога е потребно, тој процент расте, пренесува CNN. 

Како и кај разновидното портфолио, не очекувајте дека секој работен ден ќе го надимен секое свое вложување. 

„Целта е да со текот на времето ја надминете оваа работа која се вика живот“, рекла и додала: „Можеби не сум најдобрата мајка во секој момент. Но, некогаш сум навистина добра мајка. Можеби нема секој ден да се чувствува дека го давам најдоброто од себе како извшрен директор. Но, со текот на времето мислам дека сум прилично добар водач“, вели Тасунда Браун Дакет. 

Моментално, таа е само една од двете Афроамериканки кои водат компанија на Fortune 500 и е четврта која некогаш тоа го направила. Исто така, таа е на десетто место на листата на Fortune на најмоќни жени во 2021 година.  

Извор: Biznis Telegraf