Барањата на вработените во УЈП се токму во согласност со заложбите на Бесими за законито постапување, реагира Синдикатот на Управата
Реакцијата на Синдикатот на Управата за јавни приходи следува откако Министерството за финансии соопшти дека барањето за раст на платите во јавниот сектор во иднина системски се ќе биде решено со носење закон за плати и општ колективен договор, а дека секое поединечно решение ќе биде нарушување на воспоставувањето на таквиот систем и постигнување на крајната цел
Барањата на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) се токму во согласност со заложбите на министерот за финансии за законито постапување, реагираат денеска од Синдикатот на УЈП откако вчера Министерството за финансии соопшти дека барањето за раст на платите во јавниот сектор во иднина системски се ќе биде решено со носење закон за плати, општ колективен договор и друга законска регулатива.
Повеќе на 360 степени

