ЕкономијаМакедонија

Бескаматни кредити или директна поддршка за исплата на плати – Владата уште нема пресечено

Владата се уште дефинитивно не одлучила дали помошта за вработените во компаниите ќе биде преку бескаматни кредити или пак како до сега со директна финансиска помош за исплата на плати, изјави вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Тој за денеска најави дека ќе се одржи уште еден состанок во Владата околу претстојниот петти пакет анти-ковид мерки за стопанството и за граѓаните, кој, како што рече, очекува да биде објавен наредната недела.

„Се уште не е одлучено дека ќе се оди со опцијата за безкаматни кредити. Ние на маса имавме две опции кои ги разговаравме со стопанските комори во рамки на воспоставениот јавно-приватен дијалогрече министерот Бектеши во емисијата ВинВин на Тв ТелмаЗошто ја ‘фрливме’ на маса оваа опција? Ние сакаме нашите компании, посебно секторите кои мислиме дека се најпогодени, да бидат охрабрени и заедно со институциите да покажуваат резултати во време на криза“, додаде тој.

Повеќе на Независен