(ВИДЕО) Како исплашени полициски службеници ќе ги спроведуваат законите?
Срамно е да признаеме дека македонскиот полицаец никогаш досега не бил понижуван како што е сега, рече Претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија, Орце Коцевски во интервју за порталот Работник.
„Денеска имаме ситуации кога нападот на полициски службеник наместо да заврши со кривична пријава и јавното обвинителство и судот експресно да реагираат, ние имаме имаме изјава од првиот човек од Министерство, во којашто веднаш, без да провери, било какви наводи, прво го осуди нападот, а потоа ја повлече изјавата“, рече Коцевски

