МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Протест на СПМ во Битола за поддршка на нивниот осуден колега

Синдикатот на полицијата во Македонија денеска одржа протест во градот на конзулите, Битола поради пресудата на судот во Битола со која полициски службеник беше осуден на една година за напад на припадник на Ромската заедница. 

 

 

Синдикатот на полицијата во Македонија се заблагодари на полициските службеници и на граѓаните кои ја дале поддршката за осудениот полицаец.

Од синдикатот порачаа дека во Македонија мора да има правда.