НовостиПравдаСветот на работникот

Влијанието на корона кризата врз жените

   Време за читање 3 минути
ВЛИЈАНИЕ НА КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД-19 ВРЗ ЖЕНИТЕ
Европскиот парламент објави инфографици за влијанието на кризата со Ковид-19 врз жените во рамки на Европската Унија
Според овие податоци, пандемијата Ковид-19 ги зголеми половите разлики во ЕУ, кои би можеле да имаат долгорочно влијание врз еднаквите можности меѓу мажите и жените, заканувајќи се на постигнатиот напредок и потенцијално туркајќи дополнителни 47 милиони жени и девојчиња на граница на сиромаштија ширум светот.
Минатата година беше одбележана 25-годишнината од усвојувањето на Декларацијата на ООН во Пекинг, насочена кон напредок на жените ширум светот, иако има уште многу да се направи пред да се постигне родовата еднаквост како што е предвидено во Декларацијата. Според Индексот на Европскиот институт за родова еднаквост 2020 (врз основа на податоците од 2018 година), ЕУ има постигнато 67,9% еднакви можности за мажите и жените и е најмалку 60 години далеку од постигнување целосна еднаквост, доколку напредува со сегашното темпо.
Во првата линија на борба со Ковид-19 има повеќе жени отколку мажи
Од 49 милиони работници во ЕУ кои биле најмногу изложени на вирусот, околу 76% се жени. Најголем процент жени во рамки на ЕУ има во Лeтонија, односно 88% од здравствените работници, во споредба со 53% во Малта.
Покрај тоа, жените се претежно застапени во основните услуги, почнувајќи од продажба (трговија на мало) до места за згрижување деца, кои останаа отворени за време на пандемијата. Во ЕУ, 82% од работниците кои работат на каса се жени, а од куќни помошници и хигиеничари- 95 % се жени.
Ризикот од губење на работното место е зголемен кај жените
Околу 84% од вработените жени на возраст од 15-64 години се вработени во услужни дејности, вклучително и во главните сектори погодени од Ковид- 19, кои се соочуваат со загуба на работното место. Карантинот влијаеше и на секторите во економијата каде традиционално се вработуваа повеќе жени, вклучително и негувателка, секретарка и домашна помошничка.
Над 30% од жените во ЕУ работат со скратено работно време и голем дел од нивните работни места се во неформалната економија, кои пак имаат тенденција кон помалку работнички права, како и помала здравствена заштита и други основни придобивки. Исто така, жените имаат поголема веројатност да земат одмор поради грижа за деца и роднини и за време на карантин честопати мораа да комбинираат работа од дома и грижа за децата.
Ескалација на насилство врз жените
Околу 50 жени ги губат своите животи од семејно насилство секоја недела во ЕУ и тоа е бројка која порасна за време на карантинот. Ограничувањата дополнително им отежнуваа на жртвите да добијат помош.
Паралелно на ова, поголемата употреба на интернетот за време на пандемијата го зголеми и насилството преку интернет, како и сајбер сексуалната злоупотреба на деца, но особено девојчиња.
Некои земји на ЕУ, донесоа дополнителни мерки за справување со родово- базирано насилство за време на пандемијата.

Извор:

European Parliament
 

ВЛИЈАНИЕ НА КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД-19 ВРЗ ЖЕНИТЕ

Европскиот парламент објави инфографици за влијанието на…

Posted by Juridica on Tuesday, March 2, 2021