ЕкономијаСвет

Во Холандија богатите стануваат уште побогати: Даночниот систем ги продлабочува разликите

Богатите во Холандија стануваат уште побогати бидејќи холандскиот даночен систем не успева да ги ублажи економските разлики помеѓу домаќинствата, а во некои случаи дури и да го продлабчи јазот помеѓу богатите и сиромашните, навело Централното биро за економско планирање (CPB).

Според податоците од извештајот, во периодот од 2011 до 2019 година, приходите на најбогатите 0,01 % домаќинства пораснале за повеќе од 70 %, додека речиси кај сите останати домаќинства растот на приходи изнесувал помеѓу 4 и 8 %, пренесува NL Times.

Во истиот период, уделот на приходи кои ги остваруваат најбогатите 1 % домаќинства во Холандија пораснал од 12 на 15 %, се наведува во анализата.

Експертите веќе со години заговараат укинување на даночните одбитоци на камати за стамбени кредити, иако актуелната холандска влада претходно ветила дека тој систем ќе остане непромент на инсистриање на странките на VVD.

Истовремено, кабинетот се соочува со тешкотии во реформите на даноците на имот во рамките на Box3, која се однесува на оданочување на штедењето и инвестициите.

Според анализата на Централното биро за економско планирање, прашањето колку нееднаквост во општеството е прифатливо, како и во која мерка даночниот систем треба да го прераспредели богатството е одлука која мораат да ја донесат владата и парламентот.

Меѓутоа, во извештајот се истакнува дека укинувањето на постоечките олеснувања и намалувањето на можностите за одлагање и даночни арбитражи довело до поефикасен систем и доколку тоа се сака, порамномерна распределба на доходите.

„Средствата кои на тој начин би се ослободиле би можеле да се наменат на поддршка на помалку привлигираните семејства, како и тие би можеле да ги развијат своите потенцијали. Тоа во крајна линија би придонело на вкупниот економски просперитет“, се наведува во анализата на CPB.

Извор: b92.net