Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе добијат покачување на платите од пет проценти во наредните три години
Фејсбук статус на ПИОМ:
Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе добијат покачување на платите од пет проценти во наредните три години
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година.
„Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул за поефикасно и поодговорно работење. Ние сме сервис на осигурениците и пензионерите, а нивното задоволство од услугите што ги обезбедуваме е наш секојдневен предизвик“, истакна директорот Никола Мемов.
Претставниците на синдикатите изразија задоволство од потпишувањето на овој Анекс, посочувајќи дека покачувањето на платите е важен чекор кон подобрување на стандардот на вработените и остварувањето на нивните права.

