Занимливости

ГАЈДАЏИЈА ВО ДВОРОТ: Кралот Чарлс III секое утро ќе го буди вработен свирач на гајда кој има задача да му свири под прозорецот

Професионален свирач на гајда бил вработен кај британскиот крал Чарлс Трети, објави британскиот таблоид Сан.

Станува збор полковникот Пол Барнс, кој свиреше на гајдата на погребот на кралицата Елизабета Втора и претходно на погребот на принцот Филип.

Гајдаџијата има необична задача секое утро да го буди кралот свирејќи на гајдите под прозорецот.

Ангажирање личен музичар е традиција во монархијата, во тоа уживала и кралицата Елизабета Втора.