ПравдаСветот на работникот

„Гласен Текстилец“ до работниците: Должни сте да потпишете договор за вработување и да добиете примерок од истиот

❗Поради се поголемиот број на обраќања до Гласен Текстилец од страна на работници, кои не се пријавени во Агенцијата за вработување и во задолжителното здравствено и социјално осигурување, ве информираме дека при засновање на работен однос должни сте да потпишете договор за вработување и од истиот задолжително да добиете примерок.
🗣❌Доколку работниците немаат склучено договор и не се пријавени во Агенцијата за вработување и задолжителното социјално осигурување, државниот инспекторат за труд нема законска можност да задолжува да им се исплати плата и придонеси од плата, бидејќи затечените лица кои работат на црно немаат заснован работен однос согласно закон.
🔎Доколку се сомневате дали имате склучено работен однос, иако имате потпишано договор, тоа може да го проверите во Агенцијата за вработување.