ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Не може работодавач кој не исплатил плати и придонеси да помине со 200 евра казна

Фејсбук статус на Гласен Текстилец:

🔴На денешниот состанок со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска беше разговарано за проблемите кој се соочуваме во последниот период во однос на неисплатени плати, придонеси на плата и исплата на подминимална плата.
📌Здружението Гласен Текстилец алармираше на злоупотреби од страна на работодавачите во делот дека фирмите ги пријавуваат како микро или мали претпријатија, а ова не коренспондира со реалната фактичка состојба бидејќи не може да се водат правни лица како микро или мали претпријатија кој имаат вработено преку 270 вработени и располагаат со голем капитал.
📣Воедно Гласен Текстилец исто така смета дека глобите кој ги изрекува Државниот инспекторат за трудот на работодавачите се мали и не одговараат согласно тежината на констатираниот прекршок, бидејќи претставува можност работодавачот да ја плати глобата без никакви потешкотии и да продолжи со практиката да ги прекршува работничките права.
‼️ Не може работодавач кој што не исплатил две или три плати и придонеси за здравствено и пензиско осигурување на стотици вработени да си помине со 200 евра казна а работниците да си ги бараат платите во судска постапка која е скапа и не може еден работник кој не земал три месеца плата да плаќа судски трошоци и адвокати !!!
✅ Здружението Гласен Текстилец ќе иницира промени во законската легислатива во делот на глобите кој се однесуваат за прекршени работнички права, затоа што смислата на секое превентивно казнување е корекција на однесување и превоспитување за во иднина прекршувањето да не се случи или да се сведе на минимум.