Македонија

Град Скопје: Нови столпчиња и реконструкција на тротоари и пешачки патеки во Скопје

   Време за читање 1 минута

Екипите на ЈП „Улици и патишта” во изминатиов период санираа плочник на улица 11-ти Октомври пред зградата на Собранието, работеа на реконструкција на оштетувањата на коловозот на скопските улици, санираа заштитна ограда од мостот Тодор Александров, а реконструираа и рабници и тротоари, како и пешачки патеки.

Поставени се нови и заменети се оштетените столпчиња на ул. Свети Кирил и Методиј, поставени се платоа за успорување на сообраќај на ул. 12-та Македонска бригада, во близина на Трговскиот центар во населба Лисиче, а на бул. АСНОМ поставени се нови цевки за кабли од семафорска инсталација. На бул. Никола Карев (Пластичарска улица) отстранет е полупортален семафорски столб, а во населба Хиподром во тек е поставување на банкини покрај патот. На ул. Востаничка санирани се тротоари и поставени нови големи рабници, а екипите работат и на поставување нова вертикална, контрола на веќе постојната сигнализација и бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација.