НовостиСветот на работникот

Детска клиника кубури со медицински персонал

   Време за читање 1 минута

Детската клиника во Скопје кубури со медицински персонал, а од понеделник ќе остане без 21 лекар кои се на приватна специјализација, попради штрајкот кој го најавија докторите. Од Клиниката велат дека нема да се соочат со проблеми поради овие отсуства но фалат медицински сестри и останат медицински персонал. Бидејќи пропаднаа ветувањата за вработување на 1117 лица во здравствениот сектор, сега се чека да поминат изборите.

Имаме 4 медицински сестри, 5-6 кои работат на шалтери, садомијачи, хигиеничари, околу 20-30 лица се со договор на дело, вели Аркин Јахији, економски директор на Клиника за детски болести.

На почетокот на годинава двајца лекари од Детска заминале во пензија, уште двајца ќе го завршат работниот век следниот месец. Голем дел специјалисти заминале во приватен сектор или надвор од државата.

-Кога ќе помине изборниот период, ќе побараме вработување на средномедицински кадар и административен, вели доц.д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, медициснки директор на Клиника за детски болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *