СветСиндикат

Дигалките се на далечинско и возилата без возачи: Пристаништните работници поради ВИ сакаат пократко работно време

Австралиските пристанишни работници бараат 28-часовна работна недела без намалување на платата, бидејќи употребата на вештачката интелигенција (ВИ) и автоматизацијата се шири на пристаништата во земјата.

„Работните места на работниците на мета“

Иницијативата за воведување на вештачка интелигенција ја предводи гигантот на пристаништна логистика ДП Ворлд, за кој Поморскиот синдикат на Австралија (МУА) рекол дека ги „ставил работните места на работниците на мета#.

„Ако ДП Ворлд сака вештачка интелигенција и автоматизација, тогаш мора да плати општествена дивиденда. Новата технологија не мора да ги чини нашите членови нивната работа или да ја загрозува нивната егзистенција само за операторот на терминалот да може да го зголеми профитот“, рекол синдикатот.

ДП Ворлд со седиште во Дубаи се’ повеќе ги тестира алатките за вештачка интелигенција за управување со вработените и распоредите за работа во своите операции, покажува студијата која ја нарачал МУА, а ја спровел Цeнтарот за меѓународна одговорност и истражување на данокот на добивка на претпријатијата.

Загрозени 60 % од работната сила во пристаништата

Програмата за автоматизација е дел од образецот за воведување на вештачка интелигенција во операциите „без вистински консултации“ и загрозува дури илјадници работни места, односно повеќе од 60 % од работната сила во пристаништата и одржувањето, покажува студијата.

Компанијата, исто така, предложила употреба на далечниско управување на дигалките со помош на вештачката интелигенција и возила без возачи, се додава.

„Технологијата треба да се користи за подобрување на животите на работниците, а не за нивно уништување“, рекол синдикатот во соопштението од 3 јули, повикувајќи се на 28 часовна работна недела.

Се смета дека пристаништините работници на ДП Ворлд моментално работат околу 32 до 35 часа неделно, во зависност од локацијата, според Аустралијан Фајненшел Ревју, кој прв известил за разговорите.

Зад компанијата стои владетелот на Дубаи

Државната компанија ДП Ворлд е еден од најголемите светски пристаништни оператори, а со неа во крајна линија контролира владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Во Австралија секоја година се транспорнтираат милиони бродски контејнери преку нејзините пристаништа во Сиднеј, Мелбурн и другите делови на земјата.

Компанијата која работи во 84 земји и има повеќе од 126.000 вработени ширум светот, одработува околу десеттина од глобалниот сообраќај со контејнери.

Извор: Blic.rs