ПравдаСветот на работникот

ДИТ: од 3 до 7 април добиени се 28 известувања за несреќи на работа

Во периодот од 03 до 07.04.2023 год., државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 172 инспекциски надзори.

Од нив 77 инспекциски надзори (55 редовни и 22 вонредни надзори) кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.

Исто така беа извршени 31 вонредни инспекциски надзори и тоа: 28 по известувања за несреќи на работа и 3 по барање од страна на работодавачи за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл.

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени беа  вкупно 60 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 64 контролни инспекциски надзори.

Во овој извештаен период издадени се вкупно 10 платни налози со вкупно изречена глоба од 2060 евра во денарска противвредност,  од кои 2 (два) платни налози на вработени лица во висина од по 30 евра во денарска противвредност заради не носење  на лична заштитна опрема која им била дадена од страна на работодавачот и 8(осум) платни налози на работодавачи и одговорните лица кај нив во висина од по 500 евра во денарска противвредност, за неизвестување на Државниот инспекторат за труд за отпочнување со градежни работи.