Државен завод за статистика: Индекси на цените во земјоделството, декември 2020 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.9 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 3.2 %.
Во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3.
Во делот аутпут, во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 95.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.7.
Превземено од: stat.gov.mk
Фото: pixabay.com

