Државен завод за статистика: Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2020 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 107.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.6 %), Уметност, забава и рекреација (11.2 %) и Образование (10.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.2 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.7 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 41 141 денар.
Превземено од: stat.gov.mk

