МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Државниот инспекторат за труд го задолжил АД ЕСМ да исплаќа додаток за работа во недела

По барање на Синдикалната организација на АД ЕЛЕМ при Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија, Државниот инспекторат за труд утврдил дека АД ЕСМ не исплаќа додаток за работа во недела. Инспекторатот го задолжил раководството на АД ЕСМ да го почитува законот, пресметува и исплаќа додаток за работа во недела, напишаа од синдикатот на нивниот фејсбук профил.