Светот на работникот

Еве што да му испратите на вашиот шеф кога не се чувствувате добро

Јавувањето по телефон или испраќање на мејл до вашиот шеф дека не сте во можност да дојдете на работа може да биде непријатно. Можеби сте загрижени дека ќе ја изгубите работата за да одвоите време да се грижите за себе. Факт е дека луѓето се разболуваат. Сите ние сме само луѓе и животот се случува. Значи, што велите во мејлот до вашиот шеф кога треба да му соопштите дека сте болни? 

Како му давате до знаење на вашиот шеф дека сте болни?

Прво известете го вашиот шеф дека сте болни што е можно поскоро.

Следно, сериозно, поштедете го вашиот шеф од детали за вашиот нос и/или непријатни навики на дебелото црево.

Не треба да испраќате долг мејл барајќи од вашиот шеф дозвола да останете дома. Ако е потребно може понудете да дадете белешка од доктор за доказ.

Еве пример за таков мелј

Здраво [Името на шефот], денес не се чувствувам добро и ќе треба да земам слободен ден за да посетам лекар и да се одморам. Се надевам дека ќе се чувствувам подобро до утре, но ќе ве известам навремено. Во меѓувреме, [Името на соработникот] се понуди да помогне во покривањето на мојата смена денес. Го ценам вашето разбирање.

Се најдобро,

[вашето име]

Фото: Unplash