„Животот е плажа за газдите“: 38 милиони работници во Европа немаат пари да одат на одмор
Повеќе од 38 милиони вработени граѓани во Европа не можат себеси да си дозволат одмор од една недела, покажало најновото истражување на Европската конфедерација на синдикати – ЕТУК.
Растечките трошоци на живот го зголемуваат притисокот врз вработените меѓу кои континуирано расте бројот на оние кои пријавуваат дека се потешко врзуваат крај со крај и дека не можа да си дозволат одмор од седум дена, објавил порталот на Обединетите грански синдикати Независност.
Уделот на жители кои не можат од финансиски причини да си дозволат одмор пораснал од 2019 година во повеќе од половина земји од Европската унија, додека бројот на вработени кои не го можеле тоа пораснал во 11 земји. Најмногу работници кои не можат себеси да си дозволат седумдневен одмор има во Италија – 8 милиони, Шпанија – 4,6 милиони, Франција – 4,1 милион, Романија – 3,9 милиони и Грција – 1,6 милиони.
Фото: Pixabay
Европската конфедерација на синдикати укажува дека таа „негативна статистика се поклопува со порастот на профитот на европските компании“, заклучувајќи дека „раководителите и акционерите присвојувале повеќе пари за себе на штета на работниците“.
Истражувањето е базирано на анализа која Европскиот синдикален институт ја направил користејќи „микроподатоци“ од бирото за статистика на ЕУ (Евростат) кои не се јавно достапни.
Одмор и сиромашрија
Од ЕТУК оценуваат дека „голема е веројатноста сиромаштијата да постане уште полоша поради растот на трошоците на живот и инфлацијата“.
Најголемата европска синдикална централа ја нагласува потребата работниците ширум Европа ова лето да добијат пристојно зголемување на платите.
Коментирајќи ги наодите од истражувањето, заменикот на Генералниот секретар Естер Линч рекла дека на милиони вработени им е тешко поради фактот што не можат да си дозволат годишен одмор со своите семејства.

„Годишниот одмор не би требало да биде луксуз, туку важан дел за грижа за здравјето на работниците кои не е остварлив за многу луѓе кои се борат да обезбедат храна и да платат кирија. Истовремено, животот е плажа за газдите кои ја искористиле пандемијата за да во своите џебови стават уште поголем профит кои им го обезбедува нивната работна сила“, рекла Линч.
Таа нагласила дека „растечката нееднаквост во користењето на одмор покажува дека европската економија не работи во интерес на вработените луѓе“.
„Без правично зголемување на платите, работодавачите и политичарите по враќањето од своите летни одмори, на есен ќе се соочат со големо незадоволство од страна на работниците“, истакнала Линч.
Извор: Nezavisnost.org
Фото: Pixabay

