Заразени 6 здравствени работници во Градска болница 8-ми Септември
Во Градската болница 8-ми Септември неофицијално заразени се 6 здравствени работници а повеќе од 10 лица се во самоизолација, пренесува Сител.
Сеуште во тек се епидемиолошки анализи кои треба да покажат како вирусот се проширил помеѓу медицинскиот персонал во оваа болница. Инаку оваа установа е единствениот Ковид центар во државата каде се прави тријажа на сите пациенти кои што влегуваат во болницата.
За сега немаме потврда од директорот на Градската болница 8-ми Септември за оваа информација, посочија од Сител.

