За колку месеци наназад владата ќе им ја прости каматата на граѓаните за комуналните сметки?
Ќе се отпишуваат каматите на долговите постари од три месеци кон јавните комунални претпријатија и други претпријатија на ниво на општина, но засега не е познато за колку месеци наназад ќе бидат простени. Со законско решение ќе се утврдуваат сите детали. Ова е една од мерките која се планира во петтиот пакет помош. Не се знае ниту дали владата ќе успее да ги договори ЕВН и БЕГ да се отпишат каматите и за долговите кон нив.
Од компаниите велат доколку има официјална одлука ќе ја разгледаат и ќе се произнесат.
Пред да излезе со официјален став БЕГ ќе ја почека одлуката на владата за отпис на каматите, се вели во допсисот од БЕГ.
ЕВН Македонија, како што беше случајот и во неколкуте претходни иницијативи поврзани со оваа проблематика, се залага за комплетни и систематски решенија на проблемот со заостанатите долгови. Во тој поглед, сметаме дека делумен отпис на побарувања, односно само на каматите на дел од побарувањата, нема значително да придонесе кон решавањето на проблемот со заостанатите долгови на корисниците. Доколку има официјална одлука, ќе ја разгледаме и ќе размислиме, се вели во допсиот од ЕВН.
Експерите сметаат дека мерката ќе биде од поголема помош ако тука влезат и долговите кон овие компании.
Водовод е едно од претпријатијата во кое ќе се бришат каматите од долговите кон нив. Од таму уверуваат дека мерката нема да влијае на нивната работа.
Со отписот на каматите се планира да бидат опфатени 180 илјади граѓани кои се со блокирани сметки.
Извор: Сител

