Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар
Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година се зголемени за 0.8 % во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Енергија за 2.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија 0.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.
Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.5 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 10.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година се зголемени за:
- 0.8 % во однос на претходниот месец
- 4.5 % во однос на истиот месец од претходната година

