Измена на член 7 од Законот за вработување и работа на странци
Измена на член 7 од Законот за вработување и работа на странци
Работната дозвола е документ врз основа на кој домашниот или странскиот работодавач склучува договор за вработување со странско лице и истата се издава за определен временски период до една година или на неопределено време.
Согласно последните измени на Законот за вработување и работа на странци, работната дозвола на странецот ќе му биде одземена и поништена, ако: дозволата на странецот за привремен или постојан престој престанала согласно со закон и доколку странецот врши друга работа, освен онаа за која работната дозвола е издадена. Односно е избришан ставот кој предвидуваше работната дозвола да биде одземена доколку странецот престојува надвор од Република Македонија за период подолг од шест месеци без прекин, освен во случаи кога странецот е упатен по налог на работодавачот во странска држава или ако е отсутен поради образование, болест, породилно отсуство или отсуство поради нега на дете.
Дополнително е воведен нов став кој предвидува да за издавање на работна дозвола на соодветен образец се поднесува барање во Агенцијата за вработување на Република Македонија или во нејзините надлежени подрачни служби. Исто така во посебен став е уредено прашањето ако работодавачот заради некоја причина не успее да го заснова работниот однос или го прекине работниот однос со странецот пред истекот на важноста на работната дозвола, истиот е должен во рок од 30 дена од престанокот на вршење на дејноста, односно од незасновањето на работниот однос, да ја врати работната дозвола на органот кој ја издал дозволата. Самовработените лица, кои престанале да ја вршат дејноста пред истекот на важноста на работната дозвола, должни се истата да ја вратат во рок од 30 дена од престанокот на вршење на дејноста.
Тимот на Јуридика
