Имате интервју за работа: Како да дознаете дали сте на вистинското место?
Доколку сте решени да го смените работното место или пак да започнете нова кариера, можеби овие совето коишто ги предочува CNBC би ви биле од голема помош.
Голем број од кандидатите за работа не знаат како да се претстават пред регрутерите за работа, поради што и пропуштаат многу прилики за работа, а понекогаш тоа може да ги стави во ситуација да донесат погрешна одлука.
Доколку сте решени да го смените работното место или пак да започнете нова кариера, можеби овие совето коишто ги предочува CNBC би ви биле од голема помош.
Поставувајте ги истите прашања
За да го надминете т.н. ало ефект (ефект на прв впечаток, базиран на претпоставката дека вкупниот впечаток за некоја личност може да биде базиран на малку податоци или дури на само еден подаок), би требало да се натерате себеси на секоја компанија да ѝ ги поставувате истите прашања. Препорачливо е до некои од одговорите поврзани со истата, да дојдете преку луѓето вработени таму, бидејќи не можете во целост да се потпрете на искреноста на регрутерите.
Истражете ја компанијата
Често се случува луѓето да не бидат добро „усогласени“ со својата работа, бидејќи претходно не ја напишале „домашната задача“ како што треба, односно не ги поставиле вистинските прашања. Исто така, би требало да направите листа со критериуми кои вашето ново работно место би требако да ги исполни. Би било добро да размените искуство со пријателите кои, на пример, неодамна дале отказ од работа. Прашајте се: кое е црвеното знаменце кое требале да го видат, но не успеале?

Foto: Pixabay
Дали вашите потенцијални колеги се среќни?
Освен разговор со пријателите, можеби би ви било од помош да поразговарате и со вашите потенцијални колеги, од кои би можеле „навреме“ да извлечете многу информации – тие знаат каква е ситуацијата внатре во компанијата. Кандидатите за работа често веруваат дека се посебни, па поради тоа ги игнорираат црвените знаменциња, велат експертите. Но, најдобар показател за тоаколку ќе бидете среќни на работа е тоа колку се среќни останатите луѓе кои работат таму, додава CNBC.
Знајте што ви е важно
Уште една причина зошто лицето кое бара работа би можело да налета на „ѕид“ е тоа што не знае што му е приоритет на работното место. Потребно е константно да учите за себе, бидејќи и да се подготвени најдобро што умеете, може да се наидете на непријатни изненадувања кога ќе започнете на работа.
Telegraf Biznis/Shutterstock