Индустријата со помалку вработени за 2,8 отсто
Бројот на работници во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот рударство и вадење камен се намалил за 2,0 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 2,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите енергија за 1,8 отсто, капитални производи за 6,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 отсто, а се зголемил во групите трајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.
Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, се намалил за 3,7 отсто.
Бројот на работници во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил за: 2,0 отсто кај рударството и вадењето камен, 2,9 отсто кај преработувачката индустрија, 0,6 отсто кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

