(Инфографик + ВИДЕО) Најниската плата во јавниот сектор е за над 4,000 денари помала од минималната плата од 18,000 денари
Минималната плата расте, а платите во јавниот сектор остануваат исти. Ова на денешната Конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“, го рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски.
Порамнувањето прикажно преку инфографици
Тој преку презентација покажа како се движат, односно не се движат, платите во јавниот сектор со растот на минималната плата.
Наведе дека согласно член 8 од Законот за минимална плата, колективните договори треба да се усогласат со минималната плата најдоцна во рок од 6 месеци, по стапување на сила на зак””017 година минималната плата од 10,080 денари се зголемила на 12,000 или за 19%, а платите, на пример, на работните позиции Помлад Референт (Г4), Референт (Г3), Виш Референт (Г2) и Самостоен Референт (Г1) останале исти.

Во 2018 година, со усогласувањето, минималната плата се зголемила за 3,1 % или на 12,165 денари. Платите на овие работни позиции повторно останале исти.

Во 2019 година, минималната плата се усогласила за 2,8% и со тоа пораснала на 12,507 денари. Платите во јавниот сектор повторно исти.

Раст на платите во јавниот сектор има во септември, за 5%, со што најниската план која ја зема работникот на позиција Помлад Референт, се зголемува од 13,127 на 13,818 денари. Исто се зголемуваат и останатите плати.

Од декмври 2019, вработениот на најниската позиција зема плата помала од минималната
Декември 2019 година, минималната плата расте за дури 15,9% или на 14,500 денари. Од овој момент, најниската плата во јавниот сектор е помала и од минималната плата. Помладиот референт зема плата помала и од минималната.

Согласно Законот за работни односи, минималната плата е основна плата на секој работник. Со ова што се случува, овој член е прекршен.
Во април 2020 година, платата расте за 2,99%, односно на 14,934 денари. Платите во јавниот сектор повторно остануваат неусогласени со минималната плата.

Минималната плата во април 2021 година се усогласила за 1,74% и со тоа расте на 15,194 денари. Најниската плата во јавниот сектор останува на нивото од 13,818 денари. Сега минималната плата и бега на најниската плата за 1,376 денари.

Овој месец минималната плата се зголеми за рекордни 18,46%, односно на 18,000 денари. Со ова, минималната плата ги надмина платите на четири работни позиции во јавниот сектор, а од најниската плата, сега разликата е зголемена за 4,182 денари”.

Сето ова, како што рече Ралповски, е спротивно на Законите, Колективните договори и Меѓународните конвенции на Меѓународната организација на трудот, кои Македонија ги има ратификувано и со тоа е обврзана да ги почитува.

