Светот на работникот

Каде вработените најмногу глумат дека работат?

Подготвил: Бобан Илијевски

Вработените во Азија поминуваат најмногу време преправајќи се дека работат. Со други зборови, се фокусираат на тоа да изгледаат зафатено повеќе отколку што навистина работат и се продуктивни.

Ова е заклучокот од истражувањето, според новата глобална анкета на подружницата на Salesforce, Slack и истражувачката фирма Qualtrics која ги извлекла податоците од повеќе од 18,000 работници, вклучувајќи ги и менаџерите.

Глумењето на зафатеност на работа вклучува „поминување на голем дел од времето на состаноци на кои ‘тимовите ги претставуваат достигнувањата’, наместо да носат одлуки или решаваат проблеми“, рекол Дерек Лени од Slack.

Истражувањето покажало дека вработените од Индија (43 %), Јапонија (37 %) и Сингапур (36 %) пријавиле дека трошат повеќе од своето време на тоа од глобалниот просек (32 %).

Глобално рангирање за процентот на време кое вработените го трошат на глумење:

Индија: 43 %

Јапонија: 37 %

Сингапур: 36 %

Франција: 31 %

Обединето Кралство: 30 %

Австралија: 29 %

Германија: 29 %

Соединети Американски Држави: 28 %

Јужна Кореја: 28 %

Меѓутоа, Јужна Кореја е изедначена на последното место со САД – работниците од двете земји изјавиле дека поминуваат само 28 % од своето време во глумење дека работат.

Јапонија (63 %), Сингапур (63 %) и Индија (57 %) се најниско рангирани според процентот на време поминато на „вистинско работење“, рекле од Slack. 

Потрошен труд

Според Дерек, фокусот на вработените на тоа да изгледаат зафатено е „најверојатно под влијание“ на начинот на кој лидерите ја мерат продуктивноста.

Лидерите најверојатно ќе ја проценат продуктивноста на основа на видливите активности, наместо да се фокусираат на постигнување резултати.

Гледано глобално, показателите на видливоста и активноста, како што се бројот на часови поминати на мрежата или бројот на испратени е-мејлови, рангирани се како најдобар начин на кој лидерите (27 %) ја мерат продуктивноста, се наведува во извештајот.

Вработените кои се чувствуваат под притисок да работат подолго, веднаш одговараат на мејловите или седат на секој состанок, се вели во него.

На пример, 44 % од вработените во Сингапур, најмногу во светот, велат дека на нивната продуктивност влијаело трошењето на „премногу време“ на состаноци и е-мејлови.

Slack открил дека 63 % од испитаниците во анкетата се трудат својот статус да го одржат активен на мрежата, дури и ако не работат.

Глобален ранг за процентот на време поминат на „вистинско работење“:

Јужна Кореја: 72 %

Австралија: 71 %

Германија: 71 %

САД: 71 %

Обединето Кралство: 70 %

Франција: 69 %

Јапонија: 63 %

Сингапур: 63 %

Индија: 57 %

И покрај притисокот вработените подолго да работат и да бидат видливи, во извештајот е утврдено дека поголемиот дел од вработените сакаат нивната продуктивност да се мери поинаку.

Наместо според активноста, анкетираните работници сакаат најмногу да бидат оцеувани низ клучните индикатори на учинокот, разговорите со нивните менаџери и „часовите потрошени на одреден вид на работа“.

„Постои шанса за компаниите да истражат нови и различни начини на работа, како што е усвојување на асинхрон начин на работа наместо состаноци, за да се овозможи поефикасна соработка на работните места“, рекол Лени.

Вработените преферираат асинхрона работа

Работниците и понтаму се за асинхрона работа која преовладала во текот на пандемијата кога заживеала работата на далечина. Асинхроно работење значи неизвршување на задачите во реално време и лично, пишува CNBC Make It.

Извештајот нагласил дека повеќе од половина од испитаниците рекле дека најдобриот начин за работодавачите да ја поддржат продуктивноста е низ флексибилни распореди, а 36 % се одлучиле за флексибилни локации.

Единствените бенефити на работното место и подобрувањата во канцелација се рангирани пониско со 32 %.

Истражувањето покажало дека кога е во прашање враќањето на работното место, работниците сметаат дека имаат „чувство на заедништво“ и размислуваат како „попродуктивно“ како тим отколку да се бават со задачите кои можат да се извршуваат од дома.

Најновото истражување на Мајкрософт го повторило ова мислење – 84 % од глобалните вработени рекле дека би биле помотивирани да одат во канцелариите ако имаат можност да се дружат со своите колеги.

„Флексибилноста е многу повеќе од локацијата, таа е втемелена и во тоа како и кога работиме. Тоа значи… намерно одлучување за тоа кое опкружување е најдобро за одредени задачи“, се наведува во извештајот.

Извор: BIZLife

Фото: Pexels

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk