Вести

„Кажете ми нешто за себе“: Најдобриот одговор на ова прашање го дава човекот кој спровел 30,000 интервјуа

Подготвил: Бобан Илијевски

„Кажете ми нешто за себе“, е едно од најчестите прашања на интервјуата за работа. Иако делува како лесно за одговарање, може да биде прилично тешко, вели извршниот директор кој спровел преку 30,000 интервјуа.

„Кажете ми нешто за вас“ е повеќе од „кршење на мразот“: менаџерите за вработување го користат ова прашање заради правење на проценка за вашата самодоверба и вашите цели и приоритети.

„Кога одите на разговор за работа, вие се пласирате на пазарот. Најдобриот вид на маркетинг ја зборува вистината, кратко објаснета и привлечна“, вели Вилијам Вандерлбоемен, извршен директор на компанијата за регрутирање на извршни директори.

Вандербломен интервјуирал преку 30,000 кандидати за работа и напишал неколку книги за тоа како да изградите успешна кариера. Неговата претстојна книга „Биди еднорог: 12 навики предводени од податоци кои ги одвојуваат најдобрите лидери од останатите“ ќе биде објавена во ноември 2023 година, пишува CNBC Make it.

Бидејќи прашањето „кажете ми повеќе за себе“ вообичаено се поставува на почетокот на интервјуто за работа, тоа е одлична прилика да се остави силен прв впечаток на менаџерот за вработување, додал Вандерлбоемен.

Вашиот одговор на ова прашање би требало да биде како мини лифт кој истакнува една од вашите предности, релевантното минато искуство и зошто сте возбудени за оваа работа.

„Кога барам од кандидатот да ми зборува за себе, барам самосвест. Се истакнуваат оние кандидати кои јасно ќе ми покажат кои се нивните силни страни и од кој вид на работа природно добиваат енергија“, рекол тој.

Важно е својот одговор да го приспособите на конкретната работа за која сте интервјуирани, фокусурајќи се на вештините и искуствата кои се најрелевантни.

На пример, ако сте на интервју за работа како програмер на софтвер во растечка технолошка компанија, би можеле да речете:

„Во овој момент од својата кариера, научив навистина да уживам во брзо, агилно работното опкружување. Не можам да издржам мирно да седам и да ја работам истата работа секој ден, дури и вон работното време, секогаш сум нетрпелив да научам нови хобија. Една од работите кои ги сакам во вашата компанија е тоа што сте во фаза на раст. Возбуден сум што ќе придонесам на тој раст, приспособувајќи се во од и поддржувајќи ја работата на другите тимови колку што можам“, рекол тој.

Или не пример, за работа како менаџер за човечки ресурси, можете да објасните зошто сакате да се поврзувате со луѓето и да понудите пример кога тоа сте го правеле на работа или на воннаставна активност, предлага Вандерлбоемен.

На крајот, додал тој, „Ако можете да му покажете на интервјуерот зошто сте поврзани со фирмата на одреден начин и како тоа се поклопува со очекувањата од улогата, ќе го воодушевите“.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk