Казни по 7.000 евра за седум супермаркети кои ги прекршиле владините мерки
Седум супермаркети се казнети бидејќи не ги почитувале владините мерки, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.
– Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за 7 супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките, кажа министерот.

