Вести

Како да останете мотивирани кога не ви се работи?

Начинот  како да се мотивирате за работа е чест проблем, без разлика дали ја сакате или не вашата работа. Ако не ја работите вашата омилена работа, се подразбира дека не е лесно да се пронајде начин да добиете мотивација. Сепак, дури и ако сте ја избрале вистинската работа, постојат утра кога се „фаќате со канџи“ по ѕидовите за да станете од кревет. Лесно е да заглавете во истата рутина, со тоа желбата за работа се губи. Меѓутоа, ако постојано се мотивирате на работа, ќе искусите:

Наместо да зависите од работодавецот за да најдете мотивација, еве неколку начини како да бидете мотивирани и да одите позитивни на работа секој ден.

  1. Потсетете се себеси „Зошто“ работите
    Премногу често, вработените ја засноваат својата мотивација на надворешни извори како признанија, бонуси и унапредување на работа. Овие можеби ги прави вработените да се чувствуваат добро, но тие само представуваат лажна мотивација.
  2. Превземете контрола
    Многу е лесно да дозволите првите неколку часа од вашата работа да ви бидат исполнети со состаноци. Почнете со планирање и закажување на вашите први неколку интеракции во денот за да ги имате во предвид. Излезете на кафе со некој од вашите колеги кој е почесто со оптимистичка мисла  и креативен. Со ова вие ќе имате низок стрес на работа бидејќи вклучува интеракции со други.
  3. Прoславете ги вашите големи и мали достигнувања.
    Ако имате потешкотии како да се мотивирате на работа, можеби е време да се наградите за вашите успеси. Дали навреме ја завршивте таа презентација од 30 минути? Би можеле да се почестите со убава вечера како награда за исполнување на таа голема цел.

Сите имаме свои подеми и падови, исто така  имаме моменти кога едноставно немаме желба да правиме нешто продуктивно. Ова е нормална појава но можете да ја подобрете. Користете било кој од горенаведените совети за подобра  мотивиција на  работа и со ова  да ја подобрите вашата продуктивност.

Извор: Кариера