Кирил Лазаров, Македонско-бугарска комора: Според пописот изгубивме 200.000 луѓе, да ги задржиме тие што останале
Неговиот фејсбук-пост по објавувањето на првичните резултати од пописот го пренесуваме во целост:
„Како луѓе исправени пред Бога, сите сме исти и еднакви, без разлика на националност, вера, боја на кожа и слично.
Како луѓе исправени пред државата и нејзините национални интереси и Уставот и законите, воопшто не е важно колку сме Mакедонци или Aлбанци, православни или муслимани.
Ние сме демократска држава и симбол на интегрирање на различностите и токму тоа е нашата најголема сила.
Најважно е колку сме, колкаво работоспособно население имаме, која е структурата во образованието, вработеноста, односно невработеноста, а со тоа и економската моќ на државата.
Јавно апелирам, мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за подготовка на конечна, суштинска и сеопфатна економска стратегија и образовна платформа прилагодена врз овие структурни статистики за да ја спречиме белата чума и да се задржи во државата она што останало.
Погубно е за државата и економијата губиток на скоро 200 000 луѓе.
Ни треба развој и нов почеток“м напиша Кирил Лазаров.

