Кромберг и Шуберт убедливо со најмногу државна помош во 2020, кои се останатите?
Најголемиот работодавач во Македонија, Кромберг и Шуберт, добил најголема помош од државата во 2020. Според податоците што ги дава алатката „отворени финансии“ станува збор за вкупна сума од 997,7 милиони денари.
Во сумата од 16,35 милиони евра влегува помошта за инвестиции од договорот со Владата, а помал дел – 73,5 милиони денари на производителот на кабли за автомобилската индустрија се исплатени за справување со корона-кризата.
Сите други компании кои добиле државна помош а кои ги сместуваме во топ шест со најголеми примања, впрочем заедно имаат помалку од компанијата лидер. Во оваа листа се Костал од Охрид, Адиент во Струмица и Штип, ТАБ МАК, Драксламаер и Гентерм.
Повеќе на Фактор.мк

