Левица: Дали во локалот “Старо Буре” во Лептокарија се кршат работничките права?
ДАЛИ ВО ЛОКАЛОТ „СТАРО БУРЕ“ – ЛЕПТОКАРИЈА СЕ КРШАТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА?
До нас пристигнаа неколку пријави од вработени во локалот „Старо Буре“ лоцирано во Лептокарија, каде што ни посочија на нерегуларности и кршење на работнички права.
Согласно добиените информации од вработените во локалот, состојбата е следна:
❌ Работодавачот не исплаќал годишен одмор и вработените ги присилувал да користат неплатен одмор доколку имале итна потреба од тоа;
❌ Работодавачот ги присилувал своите вработени да работат и за време на викенд и државни празници, без притоа да добијат паричен надоместок и дневници за сработеното;
❌ Работодавачот им ги одземал слободните денови кои што ги следуваат вработените со изговор дека “седеле дома доволно долго поради ковид19“ ;
❌ Работниците немаат здравствено осигурување;
❌ Работниците биле присилени да потпишат бланко-листови на кои се откажувале од к15.
➡️Случајот веќе е пријавен во Трудов Инспекторат, иако досега јавноста нема увид и прецизни информации за изречените казни и решенија по однос на пријавите за време на кризата. Само Левица во изминатите два месеци пријави над 70 државни и приватни субјекти за кршење на работничките права и манипулирања со егзистенцијата на работниците.
❗️Со оглед на тоа што дел од работниците алармираат дека инспекциите претходно се најавуваат до газдите, со цел да се избегне утврдување и казнување на истите – евидентно е дека и Трудовиот инспекторат е узурпиран во рацете на Власта и нивните бизнис-финансиери. Во услови кога целиот товар на кризата е врз грбот на работниците од најесенцијалните сектори, било какво штитење на нивната експлоатација за време на економска криза мора да биде најстрого санкционирано после неминовниот пад на оваа Власт.
#ПолитичкаВластЗаТрудот
Фејсбук статус на Левица.


