Лекарите од итната медицинска помош мета на навреди и закани
Закани за физички пресметки и навреди со погрдни зборови ако веднаш не пристигне екипа на Брза Помош. Скопската служба за да ги заштити здравствените работници е принудена да бара и полициска заштита.Ова вербално насилство велат дека е зачестено во последниот период а причините се нерационални.
-Граѓани кои се незадоволни мислејќи дека кај нив требало прво да отиде Брза Помош доаѓаат и сакаат физички да се пресметаат. Среќа што имаме соработка со полицијата и колку толку сме безбедни на работното место, вели др. Весна Неделковска од скопска Брза Помош
Тој што бара медицински тим не кажува за што му треба а тоа е неопходно за во диспечерскиот центар да направат приоритет на повиците, вели др Неделковска. Појаснува дека во сите здравствени системи во светот нема Брза Помош ако не се знае причината за јавувањето.
– Граѓаните се нашите очи и учи од местото на настанот. Затоа ги замолувам за соработка за да имаме ефикасна брза помош и да бидат соработливи и искрени во прашањата што им ги поставуваме, вели др Неделковска.
Приоритет во Брза Помош имаат сообраѓајни несреќи, повреди, мозочен удар и инфаркт. За среќа овој продолжен празничен викенд немаат многу работа бидејќи градот е речиси празен. Најголем број од јавувањата се од пациенти со хронични заболувања.
Извор: Сител

