„Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија, вели Заев
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека германскиот ланец маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија и ќе има обрвска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.
– „Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев.
Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.
– „Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа, рече премиерот Заев.
Latest posts by Редакција (see all)
- Стелантис затвори 10.000 работни места во Италија - 01/10/2025
- Пензионерскиот синдикат го честита Меѓународниот ден на постари лица - 01/10/2025
- Ексон Мобил отпушта 2.000 работници низ светот - 01/10/2025