Вести

Ампева до газда Никоб: Дали им исплативте плата на вработените и дали им исплаќате законски гарантирана минимална плата?

Фејсбук статус на Кристина Ампева:
До газда никоб. Прашања од мене.
1. Денеска е 29ти јуни, а платата на вработените ваши требаше да ја исплатите до 15ти јуни за мај? Дали е исплатена и зошто не е?
2. Дали им се исплаќа на вработените законски гарантираната плата минимална со соодветно исплаќање на додатоци и надоместоци на плата како што се минат труд, прекувремена работа, сменска работа и слично? И зошто не?
3. Дали им се даваат откази на вработените поради јавни коментари на социјалните мрежи каде си прашуваат за својата плата?
Воедно испратено е барање до надлежни институции за да проверат.